Скопје/Охрид, 30. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи утре, Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека и денес и утре, сабота и недела, управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.
Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав денеска ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08:00 до 16:00 часот.
Сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево). (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес