News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 19, 2024

Струга, 19. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти ноември 2024 година, постапувајќи по претходно добиена пријава на 8-ми ноември 2024 година од 36-годишно лице од Охрид дека пред неговата куќа во Охрид било опожарено возило марка „БМВ”, кое тој претходно го управувал и паркирал пред куќата, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода едно лице на 24-годишна возраст од Струга и 18-годишен жител на струшкото село Радолишта.

– Лицата се спроведени во полициска станица, а во службениот разговор едно од лицата во целост го признало извршеното кривично дело. Денеска до ОЈО Охрид е поднесена кривична пријава против двете лица за извршено кривично дело по член 288 од КЗ, и од страна на судија на претходна постапка на двете лица изречена им е мерка притвор од 30 дена, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука