Охрид, 13. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Полициската станица Охрид, во текот на вчерашниот ден бил задржан А.П. (48) од Корча-Република Албанија, кој претходно бил лишен од слобода на граничниот премин „Ќафасан“ по издадена меѓународна потерница.
Лицето е изведено пред Основен Суд Струга каде му е изречена мерка притвор во траење до завршување на постапката за екстрадиција. Веднаш потоа, од страна на полициски службеници е предаден во Казнено поправната установа – Затвор Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 23