Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јануари 2025 година, во 14:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 61-годишно лице од Охрид.
– Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко моторно возило се обидел да удри во 55-годишно лице од истото село, по што му се заканувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 71