Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа туѓина на мир не ме остава, во душа само празнина ми отвара, а таму кај што чука срцево се вее знаме жолто црвено…
Ова се дел од стиховите на најновата песна „Жолто црвено“ на популарниот Влатко Лозаноски Лозано. Текстот е дело на Магдалена Цветковска- Ена, додека аранжманот е на нејзиниот брат Лазар Цветковски. За видео записот се погрижи охриѓанецот Даниел Јовески.
Влатко вели дека песната е создадена според вистинска приказна, раскажана од Македонец во странство, на една од неговите турнеи минатата година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 113