Охрид, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридската локална самоуправа денес иницираше акција за чистење на делот кај охридската болница.
Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ утрово спроведоа акција за чистење на делот кај охридската болница.
Овој дел од градот, подолг период наназад претставуваше непријатна слика, но и потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.
Вчера со реакција за состојбите на овој дел на градот се јавија и од неформалната еколошка организација „Чист Охрид“, кои апелираа за средување на состојбите во овој дел на градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33