јуни 2, 2017

Скопје, 2. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија ги усвои измените на Изборниот законик со кои е предвидено локалните избори за градоначалници и за советници ќе се одржат на 15-ти октомври.

Измените предвидуваат и продолжување на мандатите на досегашните градоначалници и на советниците до одржувањето на наредните локални избори.

На овој начин се реши правниот вакуум, но и дилемата која ги мачеше засегнатите охриѓани, како ќе добијат дозволи за поставување урбана опрема, како да се продолжат договорите на концесионерите на плажите, како ќе функционираат угостителите и уште многу други прашања кои зависеа од добивање амин од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука