Охрид, 16. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 објавен е интересен напис, заедно со спектакуларна колекција од над 150 оригинални фотографии, меѓу кои има и прекрасни фото-сведоштва од стариот Охрид пред многу години.
Меѓу нив се фотографии од германските војници на нивните воени позиции, меѓу кои и кај охридското село Пештани, рововите на Галичица, но и оклопните моторни бродови на Охридското и Преспанското Езеро.
Комплетната информација на OhridPress утре, а вечерва, како најава, објавуваме една прекрасна фотографија снимена пред многу години во близина на локацијата каде денеска се наоѓа плажата „Куба Либре“. (Крај)
извор: Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 фото: Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950