Лондон, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според нова студија, милиони луѓе ширум светот се жалат дека работата ги остава уморни, под стрес и дебели, објави весникот “Дејли Меил”.
Многумина чувствуваат дека недоволната организираност во работата ги води до лоша исхрана, спречува им прават доволно вежби и ги води до прекумерно пушење и пиење.
Студијата на британските научници покажала дека повеќе од 40% од испитаниците чувствуваат дека нивната работа има негативно влијание врз нивното здравје, бидејќи не можат добро да се организизираат и да ги усогласат приватните со работните обврски. (Крај)
извор: ОхридПрес/Дејли Меил фото: архива
Прочитано: 27