Лондон, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Луѓето кои го пропуштаат појадокот три пати неделно, ризикуваат да внесат 252 повеќе калории и да ја зголемат тежината до 12 килограми годишно.
Еден на секои 10 луѓе воопшто не појадува во текот на неделата. Повеќе од една третина или 37% признаваат дека го пропуштаат појадокот во даден момент од работната недела.
Речиси половина од лицата кои го пропуштаат појадокот признаваат дека огладнуваат пред пладне, а 30 отсто се жалат на замор и недостаток на енергија, додека 14% откриваат дека се мрзеливи.
Главните причини за пропуст на појадокот се дека луѓето го жртвуваат јадењето за повеќе време за спиење наутро.
Во меѓувреме, 12 проценти едноставно забораваат да појадуваат. (Крај)
извор: ОхридПрес/Аzminanutrition фото: архива