Торино, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва започнуваат четвртфиналните пресметки во најквалитетното фудбалско натпреварување на стариот континент ,Лигата на шампионите.
Во Торино ќе се судрат најдобриот напад против најдобрата одбрана на светот, односно Јувентус го пречекува каталонскиот гигант Барселона.
Во вториот вечерашен натпревар ќе се сретнат Борусија Дортмунд и Монако, двобој на два многу талентирани, напаѓачки и најмлади тимови во Лигата на шампионите.
Двата натпревари ќе започнат во 20:45 минути. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19