март 9, 2017

Барселона, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Барселона и Борусија Дортмунд им се придружија на Реал Мадрид и Баерн Минхен во четвртфиналето, во Лигата на шампионите.

Барселона во реваншот направи чудо и го елиминира ПСЖ победувајќи го со 6-1, додека Борусија со хет трикот на Обамејанг ја победи Бенфика со 4-0.Вчера пред реваншот помеѓу Барселона и ПСЖ, тренерот на каталонците Луис Енрике на прес конференција изјави дека неговиот тим може да постигне шест голови и токму тоа се случи.

Obamejang

Решавачкиот гол за Барса го постигна Серхи Роберто, кој по додавање од Нејмар избегна офсајд стапица и постигна гол кој ги носи каталонците во четвртфинале. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: ФБ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука