април 20, 2017

Барселона, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Јувентус и Монако се последните патници во полуфиналето од Лигата на шампионите,каде веќе се пласираа мадридските тимови Реал и Атлетико.

Барселона на „Ноу Камп“ беше изгубена и немоќна и не успеа да приреди уште едно чудо, а Јувентус по победата од 3-0 во првиот меч, во реваншот одигра 0-0 и успеа да им се одмазди на каталонците за поразот во финалето во 2015 година.Монако и во вториот меч ја победи Борусија на стадионот „Луј Втори“ со 3-1 и со вкупен резултат 6-3 се пласира во полуфиналето.

Полуфиналните парови ќе бидат извлечени утре во Нион,а првите мечеви ќе се одиграат на 2. и 3.мај, а реваншите една недела подоцна. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука