Доха, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанецот Маверик Вињалес победи на првата трка во новата сезона во Мото ГП шампионатот, големата награда на Катар.
Втор на целта после возачот на Јамаха пристигна Андреа Довициозо од Дукати и тимскиот колега Валентино Роси.Зад најдобрите тројца трката ја завршија возачите на Репсол Хонда, актуелниот шампион Марк Маркез и Дани Педроса.
Младиот Вињалес во Катар ја постигна втората победа во кариерата.Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 9.април во Аргентина. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13