Охрид, 12. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Помина повеќе од половина од годинешното, јубулејно, петто по ред издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.
И оваа година бројни училишта, институции, клубови и поединци во Охрид и целата држава секојдневно испраќаат силна поддршка на кампањата.
Ученици од II-6 одделение при ПООУ „Тодор Ангелевски“ од Горно Оризари, Битола
Подршка за ретките од учениците од ООУ „Дебрца“, ПУ Мешеишта
ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија
Во Охрид, од каде изворно потекна кампањата, осветлени се Самуиловата тврдина, зградата на општината и други објекти и споменици. Бројни охриѓани, но и лица од целата држава ги бојат дланките во знак на поддршка на кампањата.
Охридската МЕГА Продукција, која е еден од најголемите поддржувачи и соработници на здруженијата кои стојат зад промоција на правата на лицата со ретки болести и нивните семејства во Охрид, но и целата држава, објави видео од осветлените објекти.
Кампањата започна на 1. февруари и ќе трае до крајот на месецов, кога секој ден се претставува по една ретка болест, со што се прави обид пред јавноста и институциите да се крене гласот кон проблемите со кои се среќаваат лицата со ретките болести и нивните семејства.
Годинашната сезона е посветена на здравствените работници кои изминативе сезони помогнаа со нивните стручни совети, предлози, пишување текстови, ревидирање на материјали во реализација на кампањата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/Видео: МЕГА Продукција