Скопје, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во неодамнешниот Индекс на здравствени ризици, Македонија е вброена во земјите со висок здравствен ризик.
Се работи за извештај изработен од фондацијата Интернешнел СОС, специјализирана за процена на квалитетот на здравството во земјите во кои патуваат нејзините клиенти.
Вашингтон пост објави текст во кој наведува дека Македонија е класифицирана во земјите со висок здравствен ризик.
Светската мапа изработена од организацијата е направена врз основа на повеќе од 300.000 медицински инциденти што разни компании во 2014 година ги пријавиле кај Интернешнел СОС, кој е специјализиран за здравствена заштита и итни медицински услуги за клиенти што имаат бизнис-патници во странство.
Иако поголем дел од источна Европа е составен од земји со среден здравствен ризик, Македонија е вброена во малкуте земји што имаат здравство со висок ризик, заедно со Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Во истата категорија се и Белорусија, Молдавија и разорената Украина, вели Вашингтон пост. (Крај)
извор: Нова Тв фото: архива