Република Македонија во ноември 2024 година ја посетиле 45.656 странски туристи, најмногу од Турција и Србија
јануари 13, 2025

Скопје/Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во ноември минатата година Република Македонија ја посетиле вкупно 66.701 туристи, од кои 21.045 биле домашни, а 45.656 се странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 138.226. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците 14.193, следуваат гостите од Србија 3.790, од Грција 3.561, од Бугарија 3.396 и од Германија 1.752.

Во периодот јануари-ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1 %, а кај странските има зголемување за 13,8 %.

Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,2 %, а кај странските има зголемување за 9,2 %. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука