ноември 11, 2024

Скопје/Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во септември годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 134.829 туристи, од кои 33.165 биле домашни, а 101.664 се странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 262.632. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците – 34.844, следуваат гостите од Србија – 8.155, од Германија – 5.607, од Полска – 4.717, од Холандија – 3.594.

Во периодот јануари-септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 14,2 %.

Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,2 %, а кај странските има зголемување за 8,8 %. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука