ноември 20, 2024

Скопје, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската репрезентација на Македонија со пет победи и едно реми во досегашните натпревари од Лигата на нации, ждрепката за Светското фудбалско првенство што во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада ќе ја чека од третиот шешир.

На 13-ти декември во Цирих ќе биде извршено извлекување за состав на групите за квалификациите. Ќе има 12 групи, од кои шест ќе имаат по четири репрезентации, а останатите шест по пет. Првопласираните од секоја група обезбедуваат директен пласман на Светското првенство, додека второпласираните ќе играат баражи.

Прв шешир: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија.

Втор шешир: Србија, Унгарија, Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Словачка, Романија, Грција, Норвешка и Чешка.

Трет шешир: Шкотска, Словенија, Ирска, Финска, Грузија, Албанија, Македонија АКЕДОНИЈА, Исланд, Босна и Херцеговина, Северна Ирска, Црна Гора и Израел.

Четврти шешир: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Латвија, Фарски Острови и Литванија.

Петти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.

Квалификациската фаза ќе започне во март 2025 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука