Скопје/Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во јуни годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 119. 751 туристи, од кои 27.532 биле домашни, а 92.219 се странски туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 245.249. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците – 33.757, следуваат гостите од Србија – 7.909, од Холандија – 4.340, од Германија – 3.515
Во периодот јануари-јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,3 %, а кај странските има зголемување за 14,4 %.
Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 9,9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,3 %, а кај странските има зголемување за 11,8 %. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес