Скопје, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Расте бројот на лажни азиланти од Западен Балкан.
Според извештајот на европската комисија минатата е рекордна година по поднесените барања.
47% од вкупните барања од регионот се од Србија, по 21% од Македонија и од Албанија, а потоа од Босна и Црна Гора. Ако се земе предвид бројот на жители Македонците се со најголема веројатност да побараат азил – 5 од 1000 веќе го направиле тоа.
Луѓето во шенген зоната пребегнуваат од сиромаштијата, невработеноста и дискриминацијата во нивните земји. Во таа насока, во извештајот, се констатира дека Македонија ја подобрила интеграцијата на ромите во делот на образованието, вработувањето и здравственото осигурување и ја засилила контролата на границите. Најпосакувани земји за азил за македонските граѓани се Германија, Белгија и Шведска…
По мерките кои ги презедоа земјите од Европската унија опадна бројот на одобрување на азил. Многу од барањата се одбиваат како неосновани. Македонија е на дното, 1% од барањата кои стигнуваат од земјава добиле зелено светло за политичка емиграција. (Крај)
извор: Алфа фото: архива