октомври 21, 2019

Скопје, 21. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Предвремени избори во Македонија ќе се одржат на 12-ти април, а техничка влада, според Пржинскиот договор, ќе се формира на 3-ти јануари.

Ова е епилогот по средбата на лидерите на парламентарните политички партии кај Претседателот Стево Пендаровски.

Тие застанале зад ставот дека нема алтернатива за евро-атланските интеграции, а претседателот Пендаровски ја свика средбата по недобивањето датум за преговори за членство во Европската Унија на самитот на Унијата неделава во Брисел. (Крај)

извор: РСЕ фото: РСЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука