Скопје/Охрид, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската кендо – иаидо федерација е кандидат за организација на Европско првенство во ИАИДО 2019 година во Охрид.
Генералното Собрание на Европската кендо федерација во Будимпешта, Унгарија, треба да гласа на кого ќе ја додели организацијата.
Претседателот на Македонската кендо – иаидо федерација, Златко Кескоски, вели дека многу аргументи се на страната на Македонија, пред се најдобрата организација на едно европско првенство во кендо, кое минатата година се одржа во Скопје. Потоа напредокот на овој спорт во нашата земја, како и домаќинството на Охрид кој има авионска комуникација. Затоа вели дека надежите се големи и очекува потврдна одлука. (Крај)
извор: Ipon.mk фото: Ipon.mk
Прочитано: 17