Њујорк, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонија остана без право на глас во Генералното собрание при Обединетите нации за заостанат долг за членарина кон светската организација.
За ова генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на 12 јануари го информирал претседателот на Генералното собрание за тоа кои држави должат за членарина. Македонија не платила членарина за две години (2013 и 2014), а минималната сума што треба да се плати за враќање на правото на глас е 24.606 американски долари.
На листата на неплаќачи се 13 земји, а освен Македонија тука се и Гренада, Киргистан, Сомалија, Либерија, Маршалските острови, Руанда, Јемен, Тонга, Ванату… (Крај)
извор: ОхридПрес/МКД.мк фото: архива
Прочитано: 30