Мец, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација со победата од 34-30 над Тунис стартуваше на 25-то Светско првенство.
Ракометарите натпреварот го добија со пресврт во последните 20 минути, кога со покординирани акции и поцврдста одбрана успеа да ја стигнат предноста на противникот од четири гола.Кире Лазаров блескаше со 12 постигнати голови ,Стоилов постигна седум гола, а Манасков пет.
Следниот натпревар Македонија го игра утревечер против селекцијата на Ангола. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17