јануари 1, 2018

Загреб, 1. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ракометната репрезентација на Македонија во полн ек ги одработува подготовките за Европското првенство (ЕП) кое во 2018 година ќе се игра во Загреб, а обложувалниците веќе почнаа да ги објавуваат коефициентите за фаворитите за големиот ракометен собир.

Нашата земја е меѓу аутсајдерите за победник на Европското првенство, а прогнозите за пласманот се 11. или 12. позиција. „Црвено-жолтите“ за да станат шампиони е коефициент 200, и се во друштво на Исланд и Црна Гора.

Главен фаворит за златото е репрезентацијата на Франција, за која коефициентот е скромен 2.90, додека второто и третото место им припаѓаат на домаќинот Хрватска и Данска, со коефициент 4.00, односно 5.00.

Актуелниот еворпски првак Германија се наоѓа на четвртото место на листата, со коефициент 8.00. (Крај)

prognozi

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука