Скопје, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ ќе биде домаќин на Глобалната конференција на Пацифик – Азиската Туристичка Асоцијација (Pacific Asia Travel Association –PATA) која за прв пат се случува во Европа.
Успешната Глобална Конференција (PATA Global Insights Conference -PGIC) е дел од Самитот за туризмот 2017 кој ќе се одржува во хотел Мериот во Скопје, на 20-ти јуни со тема „Градење Туристички Мостови”.
Програмата на конференцијата ќе вклучува сесии за одржлив развој, авијација и трендови во туристичката индустрија со импресивнен собир на меѓународени експерти, презентери и панелисти. PATA е посветена и во поддршката на Млади Професионалци во туризам од целиот свет, кои ќе бидат опфатени со сесијата „Bright Ideas – Future Trends”. Тридневната програма која, исто така, го опфаќа и Меѓународен Самит за управување со кризи во туризмот (19-ти јуни) се подржани од страна на медиумската групација Џејкобс ( Jacobs Media Group) и Travel Weekly.
– Одржувањето на успешната Глобална Конференција (PATA Global Insights Conference -PGIC) во Европа е значаен чекор напред за нашата Асоцијација, објаснува извршниот директор на PATA, Д-р Марио Харди.
Оваа конференција ја зајакнува вредноста на членство на АППТРМ во PATA, во обидот да се привлечат повеќе посетители од далечни пазари, како што се Кина, Кореја, Јапонија и Австралија.
– Ние иницираме со АППТРМ да ги поканиме и студентите на туризам во Скопје кои имаат придонес и активна улога во оваа област. Нивните погледи, како “идни лидери во туризмот” ќе бидат важна компонента во програмата на конференцијата, додава д-р Харди.
Инаугуративната PATA Глобал конференција беше за првпат одржана во Окленд во октомври 2015 година. Успехот од првиот настан предизвика враќање на Окленд во септември 2016 година и има побарувачка од останатите пазари во Европа, Блискиот Исток и Азија да се прошири PGIC концептот.
Основана во 1951 година, Пацифик – Азиската Туристичка Асоцијација (Pacific Asia Travel Association –PATA) е непрофитна асоцијација која е меѓународно призната за да дејствува како катализатор за одговорен развој на туризмот во регионот на Пацифик -Азија. Асоцијацијата обезбедува заеднички застапувања, остроумни истражување и иновативни настани за своите членки, се состои од 95 Влади, државни и градски туристички тела, 29 меѓународни авиокомпании, аеродроми, 63 образовни институции, како и стотици компании во туристичката индустрија во Пацифик-Азија и пошироко. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива