Цирих, 09. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ФИФА ранг листа падна за три места и сега се наоѓа на 165. позиција заедно со селекцијата на Косово која од неодамна стана член на светската фудбалска организација.
Следниот месец репрезентацијата треба да игра нови натпревари, па фудбалерите ќе бидат во можност да го подобрат рејтингот.
На врвот и понатаму е Аргентина а меѓу најдобрите десет се и Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16