Охрид, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви април Македонска берза во Охрид ќе ја одржи својата 18-та Годишна конференција.
Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје е посредничка финансиска установа во Македонија. Организирана е како акционерско друштво со седиште во Скопје и се занимава со организација, извршување и регулирање на трговијата со хартии од вредност.
Таа е прва и единствена финансиска установа од ваков тип во историјата на Македонија, а нејзиното работење се заснова врз Законот за хартии од вредност.
Конференцијата ќе се одржи во хотел „Метропол“, на 21-ви април, петок, со почеток во 09:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26