ноември 13, 2023

Охрид, 13. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 18-ти ноември, на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се прикажува новиот македонски филм „Лена и Владимир“.

Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

Улогите ги толкуваат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а режисер е Игор Алексов.

Почетокот на проекцијата е во 20:00 часот, цената на влезницата е 150 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука