Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се прикажува новиот македонски филм „Лена и Владимир“.
Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.
Улогите ги толкуваат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а режисер е Игор Алексов.
Почетокот на проекцијата е во 20:00 часот, цената на влезницата е 150 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 59