Загреб, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поради поплавите во Источна Македонија (Општина Ново Село, Општина Карбинци, Општина Штип, Општина Чешиново-Облешево, кои се во најлоша состојба) Амбасадата на Република Македонија во Загреб собира помош за настраданите во поплавите.
Сите заинтересирани Македонци, како и хрватски граѓани доколку сакаат да помогнат, ја доставуваат хуманитарната помош во просториите на Амбасадата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Амбасадата на Република Македонија во Хрватска исто така има отворено и сметка за донации. Донации во финансиски средства се уплаќаат на
ХР2323600001501442004 Загребачка банка.
Од амбасадата ги замолуваат граѓаните да донираат храна и пијалоци кои не се расипуваат, како и чиста облека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива