Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) — Годинава Охрид, покрај големиот број на веќе најавени музички, забавни и културни настани, ќе биде домаќин и на уште еден нов фестивал — One Love Fest.
Станува збор за фестивал, кој ги обединува најдобрите актуелни македонски и бугарски хип-хоп артисти. Тие ќе имаат заедничка турнеја низ осум градови во Македонија и Бугарија. Охрид е на агендата за 26 јули.
Од Македонија ќе настапуваат: Слаткаристика, Тони Зен и ДЈ Гоце С.А.Ф., додека од Бугарија: Криско, Гери — Никол и Апсурт.
Билетите се во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22