Загреб, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Друштвото за култура „Ритам мисли“- Вараждин, „Јутра поезије“ од Загреб и КУД „Матичек“ од Споднја Полскава – Словенија, од денес до 29 април ќе се одржат книжевните средби „Поетски Импулси: „Импулс 29“ – Вараждин, „Брезмејност“ (Безграничност) – Марибор и „Јутра поезије“ во Горнји Град Загреб, каде ќе учествуваат македонски поети.
Ќе настапи македонската поетска репрезентација селектирана од културниот центар „Бран“ од Струга: Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски и Љубинка Донева.
На трите книжевни средби во: Вараждин, Загреб и Марибор, македонските поети Шипинкаровски, Мијаковска, Тоциновски и Донева ќе настапат со избор поезија од своето творештво, а со песни ќе се претстават на Вараждинската телевизија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива