Скопје/Охрид, 25. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во изминатите денови, како последица на невремето, во месец јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест, најавуваат од компанијата.
Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold.
– Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во месец јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет. Двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во месец јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на Magenta 1 Business пакетот и Business Mobile услугите. Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за месец јуни, додаваат од Македонски Телеком. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива