Тирана/Охрид, 17. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Mинистерот Едмонд Адеми вчера во Тирана, во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, оствари работни средби со албанската министерка за култура, Елва Маргарити и министерот за животна средина, Бленди Клоси.
– На состаноците беше договорено формирање на меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми оствари средба и со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија. Во тој контекст, Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, информираат од македонската Влада. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива