октомври 14, 2019

Охрид, 14. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на мешовитата бугарско-македонска комисија за историските прашања утре на состанок во Охрид.

Ќе се обидат да изнајдат решение за отворените прашања. Последните состаноци на оваа комисија завршија без успех, без договор за тоа чиј бил Гоце Делчев.

Премиерот Зоран Заев најави дека денес ќе оствари средба со нашите историчари членови на мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за добрососедство со Бугарија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука