Струга, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Добитниците на мали грантови за проекти кои ќе спроведуваат активности на Планината Јабланица потпишаа договори со Македонско еколошко друштво.
Организациите ќе започнат со реализација на активности во март а проектите ќе траат до септември 2015 година. Проектни активности се поврзани со промоција и заштита на природните ресурси на Планината Јабланица.
Проектите ќе ги спроведуваат Општина Вевчани, Здружение Сороптимист Струга, Планинарско друштво Закамен Струга, Лекофарм Струга и невладината организација Енхалон од Струга.
Повикот за мали грантови се организираше во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис а финансиските средства се обезбедени преку Фондацијата МАВА од Швајцарија и Фондацијата Еуронатур од Германија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива