Струга, 22. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви септември 2023 година во 20:00 часот, во Полициската станица Струга било пријавено дека на улицата „ЈНА“ во Струга, малолетник од Струга, управувајќи мотоцикл со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од Струга.
– Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 19