Охрид, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17-годишниот Д.Т. од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 12-ти август минатата година, околу 03:00 часот во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што се пронајдени пет полиетиленски паковања со 1,72 грама марихуана и еден џоинт со 0,22 грама мешавина на марихуана помешана со тутун. (Крај)
извор: ОхридПрес/МВР фото: архива
Прочитано: 35