Веспрем, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот ракометар кој што настапува во тимот на Веспрем, Дејан Манасков потпиша нов договор со унгарскиот тим со траење до 2020 година.
Манасков мина една година во македонскиот шампион Вардар, по што замина во германскиот Рајн Некар, а изминатото лето се приклучи на Веспрем.
Во 21 натпревар за унгарскиот тим, македонскиот репрезентативец има постигнато 64 погодоци. (Крај)
извор: Спортм.мк фото: архива
Прочитано: 24