мај 10, 2017

Скопје/Охрид, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Уставниот суд нема да поведе постапка по двете иницијативи со кои се оспорува членот 35 став од Законот за локална самоуправа, како и членот 16 став 1 од изборниот законик, кој се однесува на рокот на одржување на изборите, а тоа е првата половина на мај.

Иницијативите ги поднесе Светскиот македонски конгрес и Министеството за локална саноуправа.

Судијката известител Елена Гошева предложи на денешната седница на Уставниот суд да не поведе постапка по добиените две иницијативи, пренесува Фокус.

Уставниот суд не може да креира нова правна ситуација, кога тоа не го направил законодавецот. Мандатот на градоначалниците и советниците истекува на 15 мај. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука