февруари 12, 2017

Манчестер, 12. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Англија откриваат дека играчот за врска на Валеренга, Гајас Захид е на радарот на Манчестер Сити.

Захид кој има 22 години е норвешки репрезентативец и може да игра на повеќе позици во средниот ред.

Медиумите пишуваат дека трансферот ќе биде реализиран на лето, а Захид најпрво ќе биде испратен на позајмица во некој клуб, па потоа Гвардиола ќе оцени кога ќе го врати на „Етихад“. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука