Манчестер, 26. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер Сити ќе преземе контрола врз клуб од холандската втора лига каде во иднина ќе ги испраќа своите најталентирани млади фудбалери.
Се работи за екипата на НАК Бреда, каде Сити планира да ги испраќа помладите талентирани фудбалери кои ќе треба да стекнуваат искуство, а не се жители на ЕУ и за нив клубот не може да обезбеди британска работна дозвола.
Планирано е во овој клуб да настапуваат и членовите на младинската академија кои треба да стекнат поголемо искуство пред да заиграат во Премиер лигата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21