март 30, 2017

Манчестер, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Манчестер јунајтед за новата сезона ќе се обиде да ги обезбеди услугите на играчот на Тотенхем, Ерик Даер,кој по своето доаѓање од Спортинг Лисабон е стандарден првотимец кај Покетино.

Даер иако е деструктивец тој може да игра и како стопер, па ќе му биде од корист на португалскиот стратег доколку се соочува со повреди во одбраната.

Се очекува Тотенхем да ја прифати понудата од 40 милиони фунти, но не и менаџерот Покетино, кој не сака да го продаде овој играч. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука