Манчестер, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Манчестер Јунајтед без поголеми проблеми на повторениот натпревар против нисколигашот Кембриџ победија со 3-0 и се пласираа во петтото коло од ФА купот.
Првата средба заврши без победник, а синоќа „црвените ѓаволи“ не дозволија изненадување пред своите навивачи.
Во следното коло се пласираа и Сандерленд и Престон. Сандерленд со 1-3 го победи Фулам, а со истиот резултат Престон триумфира против Шефилд јунајтед.
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 21