Битола/Струга, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридското дуо Петар Маркоски и Даниел Јовески, викендов ќе понудат богат музички избор на теми за битолската и струшката публика.
Вечерва тие настапуваат во клубот House of Manaki во Битола.
Додека утревечер, за празникот 8-ми Март, ќе настапат пред струшката публика, во Versus Beach Bar. На акустичната вечер, Петар Маркоски настапува како вокал и гитара, додека Јовески, придружен вокал и перкусии.
Маркоски и Јовески и досега имале бројни соработки на музички план. Јовески се јавува како режисер на неколку видео спотови на теми на Маркоски. Заеднички иницирале и повеќе музички проекти, настани, изведби, а биле дел од голем број на хуманитарни и културни случувања.
Акустичната свирка утревечер во Versus Beach Bar во Струга е со почеток во 21:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива