Охрид, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Малиот охридски херој Марко Пејчиноски, на неговиот официјален профил на Facebook и официјално го најави неговиот нов подвиг, кој ќе се обиде да го спроведе во дело на 28-ми август.
– Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1.000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, бранови, дожд, ладно и топло време, официјално објавувам дека на празникот Голема Богородица, јас ќе пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид. Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите, напиша Марко на Facebook.
Езерото и Марко полека испишуваат нова легенда, а претстојниот подвиг ќе биде посветен на борбата на лицата со ретки болести.
Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес