Охрид, 1. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски херој – пливачот Марко Пејчиноски, во сабота на 4-ти септември повторно ќе плива во водите на Охридското Езеро, овој пат во знак на поддршка на Децата со ретки болести.
На 1-ви август годинава, 15-годишниот Марко направи уште еден подвиг, откако по 3 пат ја исплива делницата Охрид-Св. Наум-Охрид и подвигот го посвети на неговата мајка.
Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37