Охрид, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Малиот херој Марко Пејчиноски неуморно се подготвува за уште еден подвиг на Охридското Езеро, кој ќе се обиде да го спроведе во дело на 28-ми август.
Езерото и Марко полека испишуваат нова легенда, а претстојниот подвиг ќе биде посветен на борбата на лицата со ретки болести.
Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.
– Заинтересираните лица кои сакаат да купат маица треба да извршат нарачка преку порака на нашата страна, во која треба да се наведе: боја, големина и количина, по што ќе бидете контактирани од нашите адмнистратори за сите детали. Краен рок за нарачка на маиците за поддршка на лицата со ретки болести е 20.08.2019 година до 15:00 часот, по што нарачателите ќе бидат информирани каде ќе може да ги подигнат, информираат од тимот на Марко Пејчиновски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива